Антевски: Колеги, кај ви е балансираноста за референдумот? (ВИДЕО)

Новинарот Ивица Антевски со апел до колегите новинари да бидат избалансирани и да ја консултираат втората страна во дебатите за името и за референдумот.

Антевски, кој не знае како ќе гласа на референдумот, се сомнева дека јавноста се манипулира.

„Драги колеги новинари… не ви се чини малку непрофесионално од ваша страна во вакви емисии да викате само луѓе што се заговорници да успее референдумот? Јас не сум определен, сè уште не знам што е подобро, ама ваквите тенденции ме убедуваат дека некако се прави некој инженеринг на јавното мислење. Не ви личи малку оваа емисија на партиски штаб кој одлучува што сега да правиме за да успее референдумот?
Кај ви е втората страна? Кај ви е балансираноста?“, прашува Антевски, кој пораката ја упати до емисијата 360 на Алсат-М.

Видеото од емисијата:

2 Коментари

Оставете Коментар