Апасиев апелира на збогум за поддржувачите на “Северна Македонија”

Професорот и активист на политичката партија Левица, Димитар Апасиев бара од дел од неговите пријатели на социјалните мрежи сами да го прекинат пријателството со него.

“Најучтиво ве замолувам, тие шо сте за самоукинување и промена на уставното ИМЕ под меѓународен притисок – „анфренднете“ ме сами, да не ве барам низ „пријатели“. Немаме што веќе да си кажеме”, пишува професорот по право на Универзитетот Гоце Делчев во Штип.

Апасиев заедно со колеги од Левица е автор на кривичната пријава за премиерот Заев за потчинување на Македонија кон странска држава, Грција.

5 Коментари

  1. Грчкиот УЛТИМАТУМ треба РЕШИТЕЛНО да се Одбие!!!
    КРАЈ на срамните ПРЕГОВОРИ за ИМЕТО!!!
    АКЦИЈА во ООН за Република Македонија!!!

  2. Искрено ми е жал за овој млад човек. Не би сакал да му сум во кожата. Самиот ќе изгори во безумната војна која ја започна. Наместо да ужива во новиот пат кој се отвори пред Македонија. Жалосно.

  3. СДСМ не разбира Битно:
    Резолуцијата 817 на Советот за Безбедност на ООН (ПРЕПОРАКА) не е предмет на анулирање, дополнување или дерогирање (со друга резолуција). Исто, Резолуцијата 845 на Советот за Безбедност на ООН (УРГИРАЊЕ/УРЕГЕНЦИЈА) не предмет на анулирање, дополнување или дерогирање (со друга резолуција).
    https://www.change.org/p/united-nations-solution-to-the-name-problem-of-the-republic-of-macedonia-in-the-un/u/22828754
    Одговор

Оставете Коментар