Апасиев: До кај сме со оставката на шефот на дипломатијата? Студио?

Loading...

Димитар Апасиев, член на претседателството на партијата Левица, јавно прашува кога министерот за надворешни работи Никола Димитров ќе поднесе оставка.

„До кај сме со ОСТАВКАТА на нашиот шеф на дипломатијата за аматеризмов шо ни го приреди у задњиве денови. Студио? #МНР #Брука“, напиша на својот профил на „Фејсбук“ професорот на Правен факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип.

Димитров најави дека ќе се повлече од функцијата ако не помине предлогот „Илинденска Македонија“, кој и денеска беше отфрлен од неговиот грчки колега Никос Коѕијас, со кој треба да се сретнат в четврток и в петок во Њујорк на новата рунда разговори за името под медијација на Метју Нимиц.

Левица, пак, вчера поднесе кривична пријава против премиерот Зоран Заев за „загрозување на независноста на земјата“, а по доставувањето на поднесокот до Основно јавно обвинителство Апасиев најави дека ќе ја прошират пријавата и со други лица, споменувајќи го токму Димитров.

 

3 Коментари

  1. Од како во јул нема да има покана за НАТО, тој ке си поднесе оставка за нереализиран Компромис со Гр, а откако ке падне Заев, со Зајко ќе си делат ќелија за КЗ дело согласување на Erga Omnes!
    Поддршка на Левицата!

  2. Па ќе ве молам колку пати да си ги лиже лајната кои ги расфрла на сите страни. Јагурида си е јагурида, таа е секогаш кисела, никогаш весела. Рацете да му се исушат и нозете да му отпаднат на оној кој таму ќе стигне и таков потпис ќе стави за промена на се што залеано со македонски атрибути од пред неколку илјади години па се до денес. Во која земја ќе бидат погребани и на каков јазик поп-свештеник молитва ќе им отпее????

Comments are closed.