Апасиев: Не бе, другарчиња, грешка сте, договорот е антиисториски

Професорот Димитар Апасиев од универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и член на Президиумот на партијата Левица преку својот профил на „Фејсбук“ го оценува Преспанскиот договор како антиисториски.

„Владината пропаганда ви вика дека т.н. Преспански договор бил „историски“!? Не бе, другарчиња. Грешка сте. Договорот е АНТИИСТОРИСКИ.

Еве и ќе ви објаснам попластично зошто… Во чл. 36, ст. 1 од Уставот на РМ се вели: ‘Републиката им гарантира посебни социјални права на борците од Антифашистичката војна и од сите националноослободителни војни на МАКЕДОНИЈА, на воените инвалиди, на прогонуваните и затвораните за идеите на самобитноста на македонскиот народ и неговата државност, како и на членовите на нивните семејства кои немаат можности за материјална и социјална егзистенција’.

Е сега, ако наместо ‘војни за Македонија’, со амандман ставите ‘војни за СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА’ – автоматски ја фалсификувате историјата, оти ниеден партизан од НОБ и АСНОМ не се борел за таква република  Сеа, контате ли или треба да ви нацртаме?

#ЕвроатлантскиФалсификатори“, напиша Апасиев.

 

7 Коментари

  1. Апасиев бе,…па твојата аргументација е детинска бе…Те читам и во некои други колумни, и имам впечаток дека си тотално нестручен во оваа област или пак твоето пишување има некаква друга позадина. Се прашувам дали воопшто некогаш си направил и потпишал меѓународен договор во пракса или само шириш демагогии.

  2. Партизаните од НОБ и АСНОМ не се бореле ни за „ВАКВА“, ни за „ТАКВА“ Република. Партизаните не се бореле за ИМЕ, не се бореле за тоа дали Македонија ќе се нарекува Република Македонија или Република Северна Македонија, се бореле за ослободување од фашизмот и воспоставување на социјализам. Својата борба партизаните ја нарекувале Народно Ослободителна Војна и Социјалистичка Револуција.

    • Ако е така како што викаш ти, а не е, тогаш што значи она „М“ од АСНОМ? Зошто не е кратенката АСНОСМ? Партизаните од НОБ се бореле со илинденските идеали за независна Македонија, не Северна, туку обединета, со сите три дела. Затоа и на првото заседание на АСНОМ имало делегати и од другите делови на Македонија. Затоа и партизанските одреди носеле имиња на македонски херои од илинденската епопеја, а не на социјалисти. Оттаму и НОВ и ПОМ (Народноослободителна војска и партизански одреди на МАКЕДОНИЈА, не на Северна, долна, горна, тесна, широка, дебела…).
      Или не си ја знаеш историјата на сопствениот народ, ако си Македонец, или си ја толкуваш како што ти одговара. Само што тоа што си запнал да го одбраниш во сите твои коментари не само што е неодбранливо, туку и не одговара на вистината. Со други зборови, лага е, господине (низа)еден

  3. антифашистичко собрание на народното ослободување на( Македонија) ASNOM..ja za tava se borile a ne za socijalisticka revolucija, taj odgovor e za ”еден”

  4. Прво треба да знаеш дека илинденците не се бореле за независна Македонија, туку за политичка автономија како што било запишано во чл. 23 од Берлинскиот договор. Според првиот Устав напишан од Г.Делчев и Ѓ. Петров од 1896 год., организацијата е наречена Бугарски Македоно-Одрински Револуционерни Комитети. Цел на организацијата бил да го разбуди чувството за самозаштита на бугарскиот народ во Македонија и Одринско и придобивање на политичка автономија. Инаку, според Уставот, член на оваа организација можел да биде секој Бугарин без разлика на пол. Илинденците не биле глупави, иако сакале да ја припојат Македонија на Бугарија, знаеле дека Европа нема да им го дозволи тоа, затоа јавно се залагале за политичка автономија во рамките на Отоманската империја. Партизаните од НОБ исто така не биле глупави. Знаеле дека границите се неповредливи и дека единствено имаат прилика да направат своја држава од Вардарска бановина во состав на Југославија. Македонските партизани во Грција се бореле под команда на грчката комунистичка партија, а не под команда на југословенската комунистичка партија. Македонските партизани во Грција се бореле за заедничка грчка држава, во која ќе бидат рамноправен народ со грците. Читај историја од независни извори.

    • Ti Eden, sakaš da kažeš deka si za samoukinuvanje na Makedonskiot narod. Pa kaže otvoreno, ne od okolu, demek nikoj ne bile za Makedonija, tuku za nešto drugo. Site se borele za svoite državi samo Makedoncite ne. Edinstvenite koj ne se borele za Makedonska Makedonija se onie ko tebe, “Eden”, site koj na eden ili drug način bea podkupeni za da odrabotuvaat tugji agendi. Zaevistite, Mickovite, itn.

Оставете Коментар