Апасиев: Не може и избори и референдум во ист ден!

По шпекулациите, но и некои „изјави“, дека на есен е можно да се организираат најавениот референдум за преспанскиот договор но и предвремени избори со што власта би обезбедила потребна излезност од над 900 илјади гласачи, реагираше професорот Димитар Апасиев.

„Според важечкото право, невозможно е да има и избори и референдум во ист ден! Тоа е спротивно на Изборниот законик и на Законот за спречување корупција.
Можно е, во ист ден – недела – да има или повеќе избори или повеќе референдуми, но не и двете измешано“ напиша вчера Апасиев на својот Фејсбук профил.

Тој вели дека никој  не може да и натера граѓаните да земат по две гласачки ливчиња.  😉

„Впрочем, чл. 7 од Законот за рефрендум изрично го гарантира и правото на негласање, или популарно наречената „апстиненција“, т.е. „бојкот“! – вели Апасиев.