Апасиев: Нема договор за името без претседателот!? (ВИДЕО)

Loading...

Сите забораваат еден закон донесен во време на Киро Глигоров кога претседател на парламентот беше Тито Петковски, а тоа е Указ за прогласување на Законот за склучување, ратификација и извршување на меѓународни договори. Според овој закон во Член 3, меѓународните договори, во име на Републиката ги склучува Претседателот на Република Македонија.

„Не премиерот, претседателот“, изјави вчера во емисијата „60 минути со “, на „Алфа телевизија рофесорот по право на Штипскиот Универзитет и воедно член на президиумот на Левица, Димитар Апасиев зборувајќи околу можностите за постигнување моѓународен договиор со Грција за името.

Тој вели дека „Овие преговори кои што се водат се тотално правно нелегитимни. Впрочем македонскиот уставен систем предвидува, стручно да се изразам, бицефална извршна власт. Тоа значи дека ние немаме само претседател и само премиер. Туку имаме и претседател и премиер. Премиерот го избира собранието, претседателот на државата како шеф на државата, на Републиката го избираат граѓаните. И од тука Уставот му ги дава нему ингеренциите да преговара договара и да склучува меѓународно договори. Не на владата, никако на владата. Значи само во одредени ресорски технички работи, образование, култура …“ .

Апасиев верува дека за разлика од Законот за јазици, претседателот беше само пропратна фигура во процедурата кој има право на вето, суспензивно или џебно, во случајот со евентуален договор за името со Грција, „тука претседателот е примус, премиерот е секундус“…

Значи претседателот е главниот играч. Не можете вие само да го брифирате, тој ги води потезите, од тука јас не верувам дека претседателот ќе потпише таков договор“ вели Апасиев.

2 Коментари

Comments are closed.