Апасиев: По одлуката на Уставен, останува само бојкот

По денешната одлука на Уставниот суд со која се бараше преиспитување на одлуката за распишување на референдумот на 30 септември реагираше професор Димитар Апасиев:

„Уставните судии денес ја погребаа Правната држава.
Останува народот, преку масовен БОЈКОТ, на 30ти септември да го погребе “Преспанскиот договор” , напиша Апасиев на Фејсбук.

Уставните судии со 7 гласови „за“ и два „против“ ја отфрлија иницијативата за оспорување на Одлуката за распишување на референдум бр. 08-4666/1, донесена од Собранието на Република Македонија на 30 јули 2018 година („Службен весник на Република Македонија“ бр. 140/2018).

Иницијаторите кои побараа да се испита уставноста на таа одлука, партијата Л„евица и Светскиот македонски конгрес сметаат дека таа е спротивна на Законот за референдум и кодексот за добри референдумски практики на Венецијанската комисија.

Спорно е и самото референдумско прашање, поради што бараа Уставниот суд целосно да ја поништи одлуката за референдум, а доколку одлуката ја донесе по референдумот, тогаш да ги поништи резултатите.

SHARE

Comments are closed.