Апасиев: Во цивилизирана држава Заев ќе лежеше в затвор

„Во цивилизирани држави, ова однесување на сегашниот премиер (да имаш докази за убиство, а да не ги даваш) се вика „ПОПРЕЧУВАЊЕ НА ПРАВДАТА“ и се лежи побајаааги затвор“.

Ова е коментарот на професорот Димитар Апасиев по обвинувањето на таткото на Алексадар Наќевски, едно од убиените момчиња кај Смиљковското Езеро.

Тој во судот го обвини премиерот Зоран Заев дека иако неколкупати им ветил дека ќе ги каже имињата на функционерите на ДУИ, сега откако склучи коалицијата со ДУИ, тој манипулира со доказите кои што можат да доведат до вистината за „Монструм“

Апасиев кој важи за интелектуалец без влакна на јазикот алудира дека Заев свесно штити високи членови на ДУИ со цел да не го загуби партнерот во Владата.

Апасиев вели дека се чувствува „прекурчено од угодување кон ‚коалициониот партнер’“.