Апасиев VS Влатко Васиљ, кој ги блокира колумните на професорот

Откако професорот Димитар Апасиев го прозва еден од главните луѓе во владата за пропаганда на социјални мрежи и онлајн медиуми дека стои зад блокирањето на критички пораки кон владата, одговори Влатко Васиљ.

“По вчерашниот ердоганистички обид за цензура на сите пејџови и URL кодови од кои се шерувале моите колумни и интервјуа (ЈанакиЗнае, Антропол, Левица, Ленка, Гласник, Експрес, Бојкотирам и др.) – тамошните админи ми кажуваат дека им „прегореле“ сајтовите од читање на колумните и истите достигнале десетици илјади. Епа, владини чиновници од Министерството за вистината, стварно ви фала за промоцијава.Не требало да се трошитe, порача Апасиев.

Тој јавно прашува на што спаднал неговиот другар од Шарената Револуција Влатко Васиљ – “Да ги рапортира пејџовите шо објавуваат мои колумни”.

На неговото обвинување одговори Васиљ:

“Не бе другар Апасиев. Немој до толку ти да паѓаш и одиш во некакви си банални конспирации вмешувајќи ме мене, сасим беспотребно. Тоа не биле и никад нема да бидат мои методи. Јас искрено, често те читам, и немам никаква замерка кон тоа каде и како се пласираат твоите колумни. Ако ти се читани, секоја чест, би ме изненадиле да не се. Ама јас ниту пак знам каде си колумнист, туку само тука те следам и читам на ФБ. За мене е доволно.

Воопшто не ми пречиш, без разлика што во некои работи и ставови не се слагам со тебе. Ама сепак, мислам дека многу погрешно ги користиш хаштазите. Тука ми е замерката.

Навистина, не барај непријатели во луѓе што ги немаш како такви, без разлика дали понекогаш не се согласуваат со тоа што го пишуваш. Јас тебе ниту сум те сметал, ниту пак ќе те сметам за непријател или било каква закана. Комрад си. Терај ко сеа, ко што знаеш и можеш. Поздрав”, напиша владиниот комуникациски експерт за социјални мрежи и онлајн медиуми.

По обраќањето на Васиљ во кој тој тврди дека не знае каде пишува Апасиев и дека го следи само на Фејсбук, во коментарите од преписката се појави статус на Васиљ во кој тој коментира за хаштазите на Апасиев.

Објавата на твитот на Васиљ за хаштазите случајно или намерно се совпаѓа со тајмингот кога биле блокирани колумните на Апасиев.