Апасиев за генсекот Рашковски: Лажел ли за вториот докторат?

Членот на президиумот на партијата Левица, професорот Димитар Апасиев во јавна објава прашува дали генералниот секретар на Владата Рашковски лажел за вториот докторат.

“Абе, стварно ли ГенСеков лажел за „вториот докторат!?”, пишува Апасиев кој бил еден од најдобрите студенти на Правниот Факултет во Скопје а сега предава на УГД во Штип.

Апасиев во објавата користи хаштаг РашкоДетеМашко а се “чувствува” учено – недоучено.

Доц. д-р Драги Рашковски, се вели во неговата биографија,  е роден во Струмица во 1984 година, каде што завршил основно образование и природно-научна гимназија.

Во 2007 година завршил правни студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“. На „Јустинијан Први“ се стекнал со највисоки оценки  и со три магистратури од областите на граѓанското материјално и граѓанското процесно право,  казненото право и криминалистика, право на интелектуална сопственост.

На истиот факултет се стекнал и со два доктората насловени: „Остварување на формите на непосредна демократија со помош на информатичката технологија“ и „Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација (со систем за дигитално комуницирање со јавната администрација“).

Апасиев сега прашува дали Рашковски лажел за вториот докторат.

Од доаѓањето на позиција генсек на Владата Рашковски го следеа неколку јавни скандали но тој ја задржа својата позиција.

SHARE