Апасиев за Ксенофан, името, среќата и говедата

Прлично јасен цитат на професорот Апасиев за тоа што не чека кога ќе си го смениме името.

“Во врска со владиниот агит-проп, за наводните брда и долини кои нè чекаат ако си го промениме името и се самоукинеме за некаков си имагинарен датум за возврат, налетав на оваа античка мисла на Ксенофан од Колофон (V век пр.н.е.):

„За оние на кои удопствата и луксузот им станале најважните нешта во животот, добра е секоја власт – па макар и тиранија, сè додека таа им овозможува да уживаат во своите задоволства. Доблеста, праведноста, вистината и другите високи цели, кои на човекот му ги налага неговиот разум и кои го прават благороден, се забораваат. И така, овие стануваат како ГОВЕДА чија среќа се мери само според тоа колку имаат за јадење, во какви штали се сместени и како се гоени“, пишува професорот Апасиев и ги додава хаштазите:

#НеВеламЗаТебе
#НиштоНовоПодСонцето
#ЧовекотНеЕСамоЈадиИСери
#НекоиПрашањаНеЗаслужуваатОдговор
#БОЈКОТ

SHARE

Comments are closed.