Апасиев за „шверцерите на сопствените животи“ на „Илинденска“

Професорот Димитар Апасиев, член на президиумот на партијата Левица, со фрапантни тврдења во емисијата „60 минути со Горан Момироски“.

Единствениот правник што го победил МВР пред Уставен суд обвинува дека Заев, со кого не се сретнал откако дојде на власт, не спровел ниту едно од дадените ветувања за промени. Со Мицкоски не се познава, а на тврдењата на владините пропагандисти дека Левица е националистичка организација одговара со предлог да ја видат етничката структура на раководството.

Дел од поентите на Апасиев:

– Македонските граѓани да бидат спокојни: На Владата нема да ѝ биде дозволено да направи национално предавство за името.

– Главниот соработник на премиерот Заев лаже за својот докторат и не понесува одговорност.

– Како Министерство за правда краде од парите што им следуваат на малите партии.

– Власта се одмаздува на потписниците на иницијативата на 200 интелектуалци за прекин на преговорите за името.

– Неолибералите од СДСМ работат за да ги збогатат богатите, а да ги осиромашат сиромасите.

– Кривичната пријава за потчинување на Македонија кон Грција не застарува 10 години.

– Судот ги „помилува“ „шарените“ со власта, сè уште ги гони останатите.

Апасиев е единствениот македонски политичар кој во последниве години се откажал од државна функција за да спречи „конфликт на интереси“.

Емисијата „60 минути со Горан Момироски“ започнува во 21:50 часот вечерва на Алфа ТВ.

 

SHARE