Апел: Пратеничките буџети за референдумот и смртта на едно момче

Ѓраѓанска иницијатива апелира на хуманост кај тројца пратеници кои што добија пари за референдумот за кампања.

“Јавно повикуваме три пратеника од Собранието на Македонија да ги донираат своите 11.000 евра за референдумската информативна кампања на донаторска сметка на корисникот на име Дарио Павлов: 370 906 308 044 425 при Еуростандард Банка АД Скопје или со донации на телефоните 143 – 105 за корисниците на T-Mobile и 143 – 461 за корисниците на VIP”, се вели во апелот.

14 годишниот Дарио Павлов од Кочани верува дека македонската јавност ќе се крене на нозе и ќе му помогне да ја преброди тешката болест.

Пред две години на ова момче му било дијагностицирано ецефалитис трансферзален миелитис познато и како воспаление на рбетниот мозок.

Болеста предизвикала целосна парализа на десната нога и неговата состојба се влошува од ден на ден. При што за да се отстрани воспалението од ‘рбетниот мозок кој може да предизвика дополнителни последици потребно е пресадување на матични клетки.

За да се излечи Павлов треба да добие третман во Грција кој што чини 30 илјади евра а третманот треба да почне овој септември.

SHARE

Comments are closed.