Апел за помош на премиерот Заев

Приврзаник на СДСМ и премиерот Заев апелира да му се помогне на претседателот на владата кој што според него е херој кој може да стане жртва на кадрите околу него.

„Затоа без разлика што ќе се случува, Зоран Заев за мене е херој еден од ретките кои ги имала оваа земја. Да му помогниме сите овој пат да ја истера борбата до крај на 30 септември”, се вели во апелот кој го објавуват повеќе корисници на социјалните мрежи.

“Зошто да му помогнеме? Се за*бал со пола кадрови со кои тргнал во војна. Работи има и после референдумот. Да не дозволиме тие пола кадрови околу него да ја уништат иднината на земјата.

Е затоа ќе треба да му помогниме.

Медиокритетите не сакам да ни го уништат херојот. Веќе досадно е тоа да го гледаме низ историјата на Македонија.

Барем не од истите кои го бојкотираја Илинден 1903..Ако е за фајде од вас..доста е.“, пишува приврзаникот на премиерот кој не сака да види како соработниците го уништуват неговиот херој.

SHARE

Comments are closed.