Апелација ќе одлучува за затворот на Груевски на неговиот роденден

Експремиерот Никола Груевски, пред скопска апелација и на јавна седница, денес и утре (на неговиот роденден) ќе ја образложува жалбата што ја поднел против изречената затворска пресуда во случајот „Тенк“.

Во случајот за набавката на луксузниот блиндиран „мерцедес“ вреден 600.000 евра, тој доби затворска казна од две години, на што приложи жалба.

Ако Апелациониот суд ја потврди казната, односно доколку ја зголеми или намали, Груевски ќе биде упатен на издржување на затворската казна.

Доколку го врати предметот на повторно судење, реални се шансите тој да избегне затвор бидејќи предметот за тоа кривично дело ќе застари на 31 октомври годинава.

 

SHARE