Апелациски суд му го вратил пасошот на Темелко

Едмонд Темелко може да патува надвор од Македонија, откако Апелациски суд пред десетина дена му го вратил македонскиот пасош на градоначалникот на Општина Пустец во Албанија, потврдиле за „Фокус“ од Судот.

Како обвинет за изборни нерегуларности во 2011 и 2013 година со уште 19 други лица во рамките на предметот „Титаник“ на Специјално јавно обвинителство, Темелко од крајот на септември 2017 година беше два месеца во затворски притвор. Потоа како мерка на претпазливост му беше одземен пасошот.

Темелко е претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција и од 2007 година ја води единствената општина надвор од Македонија во која градоначалник е Македонец.

 

SHARE

Оставете Коментар