Апокалиптична најава на Заев: Се е бездна, кањон, нема алтернатива ни план Б и Ц

Немојте да мислите дека има резервна варијанта. Не. Јас направив се што можев. Ветивме референдум ете го референдумот. Само преку одлука на граѓаните ќе имаме обезбедена иднина, алтернатива нема, се друго е бездна, кањон, се друго не е вредно за размислување, порача денеска премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев од собирот во Скопје.

За разлика од сите високи гости кои ги цитираше Заев и кои на многу внимателен јазик му кажеле дека се затвара можноста за брз влез во ЕУ и НАТО премиерот не беше внимателен и најави дека државата ќе падне во бездна или кањон односно дека ќе влезе во беизлезна ситуација ако не помине реферрендумот.

„Видовме за 27 години сѐ, и подеми и падови, и среќа и несреќа, но сите видовме дека не чекориме со темпо кое го посакуваме. Сите знаеме дека токму ние ја носиме одлуката за иднината на нашата земја, и дека нашето место е во европскиот свет“, рече Заев кој до сите неодлучени граѓани испрати порака:

„За сериозни одлуки се презема акција, не се седи дома и не се бараат изговори оти се работи за иднината. Македонија ќе ја биде само ако излеземе сите , сплотени, единствени, за единствена Европска Македонија“, посочи премиерот Заев во стил кој предвидува апокалипска за Македонија ако не успее референдумот.

SHARE

Comments are closed.