Меѓународната компанија „АрцелорМиттал вчера објави дека добила обврзувачка понуда од „Либерти Хаус груп“ за купување на капацитетите Арцелор Митал Острава (Чешка), Арцелор Миттал Галац (Романија), АрцелорМиттал Скопје (Македонија) и АрцелорМиттал Пиомбино (Италија).

Четирите индустриски капацитети се дел од пакетот за отуѓување за што Компанијата се согласи со Европската комисија (ЕУ).

Во тек се преговори со странки во врска со продажбата и на други средства – АрцелорМиттал Дуделанж во Луксембург и неколку завршни линии во Лиеж, Белгија – кои се вклучени во пакетот за отуѓување.

„АрцелорМиттал“ е водечка светска компанија за челик со годишен капацитет на производство од околу 130 милиони тони. Работи во повеќе од 60 земји, а има објекти за изработка на челик во повеќе од 20 земји и е светски лидер во сите главни пазари за челик.