Археологот Митревски: Што ќе загубиме ако прифатиме Република Горна Македонија? (ВИДЕО)

Професорот од катедрата за Археологија при Филозофскиот факултет во Скопје Проф. Др. Драги Митревски во емисијата „60 минути на Алфа“ со Горан Момироски открива зошто Македонија не треба да прифати Горна Македонија односно што земјава ќе загуби ако го прифати овој предлог со кој се согласува и премиерот Заев и македонската влада.

Историски постојат Горна и Долна Македонија, вели Митревски кој објаснува дека во тој контест земјава го губи секое право да биде дел од приказната за Античка Македонија, од брендот на Александар Велики, Филип Македонски и воопшто Античка Македонија.

Според него замката е во тоа што Грција сака со прифаќање на Горна Македонија да направи прекин на врските на сегашна Македонија со историскиот бренд Македонија на кој право полагаме и ние и Грците.

Сериозна држава може да имаат само сериозни луѓе а не граѓани кои што се толку многу поделени национално, идеолошки и во однос на соседите што е прашање на кое што треба да се поработим вели професорот кој издал неколку книги за врвни германски издавачи специјализирани за светска археологија.

Професор Митревски вели дека веќе дојдовме во време во кое политиката воопшто не ја консултира науката за ниту едно важно прашање. Тој се чуди како досега политиката во Македонија не разбрала дека за Грција не постојат Македонци што не се Грци и дека нема македонски јазик што не е грчки.

Извонредниот настап на професорот Митревски кој соработува со врвни светски катедри за аргхеологија а кој многу малку се појавува во медиумите на следниот линк на „60 минути на Алфа“.

Оставете Коментар