Архиепископот Г.г. Стефан го кршевал синот на лажниот принц на Црна Гора и Македонија (ГАЛЕРИЈА)

Премиерот Заев не е единствениот висок македонски претставник кој имал контакт со лажниот шеф на “Империјалната куќа на неговото височество принцот на Македонија и Црна Гора”.

Откако во саботата во зградата на Владата Стефан Чернетиќ му дал орден на премиерот Заев, на повик на Црногорецот што лани во Италија беше уапсен за лажно претставување наседнал и поглаварот на МПЦ-ОА Г.г. Стефан.

Тој специјално од Скопје заминал во Охрид да го крштева синот на лажниот принц.

Самопрогласениот принц се пофали дека по крштевањето заедно со поглаварот уживале во ручек и убав поглед на Охридското езеро.

Во истата прилика “Империјалната кралска куќа на Црна Гора и Македонија” им се заблагодарува на модните креатори Ласкарис Валаванис и Франческа Сурасе.

Како се случило првиот човек на МПЦ-ОА да биде дел од оваа церемонија и да не забележи дека лажниот принц се декларира за принц на Македонија не им е јасно ни на дел од владиците членови на синодот кои не можат да поверуваат на информацијата.

SHARE