Арсовски: Досега имаше 300 предлози за ново име!

Од прогласувањето независност, Република Македонија е под постојан притисок од својот јужен сосед да го промени своето име. Грција смета дека тоа им припаѓа исклучиво на Грците.

„Според нашите податоци досега се регистрирани 300 предлози за име на Република Македонија. Тоа е многу интересен податок што упатува на трагични и комични асоцијации и размислувања ако се знае дека ова прашање се проблематизира од една земја-членка на ЕУ во 21 век“, вели во мега-интервјуто за хрватскиот информативен портал „TRIS“, првиот амбасадор на република Македонија во Грција, Љупчо Арсовски.

За волјата на вистината, дообјаснува амбасадорот, официјално на масата како сугестија отсекогаш било нашето уставно име со одредена одредница во заграда или пред името, како Горна, Северна или со цртичка – Скопје.

Арсовски во опширното интервју ги објаснува сите аспекти на наметнатиот спор, а на прашањето дали ова е резултат на неефикасната дипломатија или проблемот е во соседите вели:

„Познато е дека во политиката, дури и во надворешната политика, нема љубов, туку интереси. Колку е земјата посилна во повеќе аспекти, толку е подобро за неа и таа може да побара да диктира различни барања. Факт е дека многу земји станаа членки на ЕУ и НАТО поради одредени интереси, особено во овој регион. Така, по пристапот на Грција кон ЕЕЗ (сега ЕУ) во 1981 година, а по Бугарија, Романија, Унгарија, Полска, Словачка и Чешка, практично е „изграден ѕид“ кон Источна Европа“.

Во срцето на Балканот останаа само уште неколку земји надвор од ЕУ, вели Арсовски и потсетува  дека покрај исполнувањето на познатите критериуми за влез, земјата аспирант мора да се ослободи и од „негативниот багаж“.

„Како ќе биде реализирана нашата желба да ги решиме постојните проблеми со нашите соседи, останува наша примарна задача, но секако не по цена на понижување и уцена“, потенцира Арсовски.

Амбасадорот се осврнува и на „вакуумот“ кој се создаде во македонската дипломатија и за дваесетте непополнети места во 50-те дипломатски мисии на РМ во странство.

„Со промената на власта дојде до непримерна кохабитација со претседателот на државата, кој, според Уставот и дипломатската практика, ги потпишаа агреманите. Податоците што ги имате се уште позагрижувачки.

Во тек се некои именувања кои ќе доведат до придвижување, но факт е дека државата како систем – владата – претседател на државата – влијанието на владејачката партија и така натаму. –потфрлија“, вели Арсовски во интервјуто.

Целото интервју на амбасадорот Арсовски за „TRIS“ на следниот линк.

3 Коментари

  1. Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името! Постоји решение за името со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН! Не признаваат 136 држави членки на ООН! Со 19 држави засега немаме дипломатски односи, а кога и со нив ке ги воспоставиме ке имаме над 150 држави во ООН кои не признаваат под уставното име.
    Нема потреба од компромис! Треба само да го продолжиме членството во ОН преку Генералното собрание на ООН со уставното име Република Македонија!

Оставете Коментар