Артистите вечерва ќе се штитат од јајца и патлиџани со висока ограда (ФОТО)

За да спречи инциденти на вечерашниве прослави за поканата за НАТО Владата нарачала висока ограда која што во Скопје е поставена на десетина метри од бината.

Проблемот е што и покрај оградата и големото полициско присуство, вешт фрлач на јајца и патлиџани ќе може и од подалеку да погоди некој од артистите што ќе свират и пеат на владината забава.

Прославата се организира по повод писмото со кое Македонија доби ветување дека ќе добие покана ако го смени името во Северна Македонија.