Атанасовски однесен во Шутка, имал пријатели во МВР и регионот

Екс началникот на УБК Владимир Атанасовски кој беше уапсен вчера, доби притвор од 30 дена и ноќеска е префрлен во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Обвинителката Вилма Русковска вели дека има 3 причини за неговиот притвор.

“Тоа го образложувам со самиот факт што обвинетиот, како поранешен директор на УБК, сигурно има стекнато доста пријатели по слични такви служби, во регионот и пошироко, дека е запретена минимална казна затвор од 4 години и според Обвинителството, тоа е доволен основ дека истиот може да се даде во бегство.

Под точка два дека ќе влијае врз сведоци, или за да ги уништи трагите од кривичното дело, затоа што, ќе се повторам, како поранешен директор на УБК и тоа како е вичен во тие работи.

Трето, дека ќе го повтори кривичното дело – тој навистина не е повеќе директор во УБК, но како поранешен директор, сепак има големо влијание врз дел, како од вработени таму, но и меѓу луѓето. Знаеме дека секојдневно се одржуваат мирни протести пред Собранието, како што беа мирни и од иницијативата „За заедничка Македонија“, но сепак кои ескалираа во крваво насилство, изјави Русковска.

Како што објасни Русковска, предистражната постапка за организаторите на упадот на 27 април сѐ уште трае, а апсењето е резултат на вчерашното сведочење на двајца осомничени кои го посочиле Атанасовски како организатор на насилствата во Собранието.

SHARE

1 Коментар

  1. Ако има некој што не знаел како изгледале обвинувањата за време на окупација и фашистички терор, само нека прочита што изјавила Вилмата.
    – “сигурно има стекнато многу пријатели“, затоа е опасен (кога е толку опасен не е ли подобро веднаш на стрелање, колку ќе чекаме некој да се удави во кофа со вода?);
    – “ќе се даде во бегство“ (па само идиот нема да бега од терор, овој е изгледа глуп па останал да се вежбат на него );
    – “и тоа како е вичен во тие работи“ е сега бидејќи знае да користи оружје сигурно некој ќе убие, се прашувам кој би бил тоа?;
    – и како круна на се е “беа мирни протести ама ескалираа“, зошто ескалираа, е сеа тоа не е во прилог на ѓаолот и неговите адвокати, па со такви ситници нема да се занимаваме (дефинитивно сум убеден дека “глупоќа“ нема граници не мора да изнесувате повеќе докази!)

    Вилма Русковска во секој поглед може гордо да го носи епитетот адвокат на ѓаволот, их да е само таа лесно ќе беше, ама такви има не знае им се број!

    И да не мисли некој дека немам и јас обвинување против овој, еве зошто јас го обвинувам и зошто сметам дека треба да одговара::
    -треба да одговара затоа што ништо не сторил за да спречи државен удар, иако според сознанијата му биле познати и актерите и сценариото, туку дозволил по насилен пат да се инсталира квислиншка власт од која сите денес сме под невиден терор… (дозволил окупација)
    ете мислам дека моето обвинување е многу поиздржано и дека еден ден и тој и сите кои не ги исполнија своите обврски кои им беа одредени со закон и устав еден ден ќе треба и ќе мора да одговараат!

Оставете Коментар