Атина: Ако прифатија за Илинденска ќе прифатат и за Горна

Ако се суди според тезите што ги пренесуваат добро информирани и на владата во Атина блиски медиуми планот на Грција е јасен.

Ако Македонија прифатила ерга омнес за Илинденска зошто да не прифати промена на устав и за некое од четирите имиња што ги предлага Нимиц, северна, горна вардарска и нова. Република Македонија (Скопје) за Атина е неприфатливо.

Во пресрет на средбите во Њујорк има уште два важни моменти за кои се зборува во Грција.

Гласниот молк за телефонскиот разговор Меркел – Ципрас што е реткост затоа што вообичаено пред јавноста секогаш имало по некоја поента од вакви разговори дури и кога тие биле болни за Грција.

Вториот момент е најавата за посета на Коѕиас, практично мини турнеја на Брисел, Париз и Берлин нешто што не е најавено и за Димитров.

Сите овие моменти се случуваат во ситуација кога грчката влада го загуби и простото мнозинство во парламентот откако министерот за одбрана Каменос рече дека неговата партија нема да гласа за име кое го содржи зборот Македонија и практично ги урна преговорите во Њујорк.

6 Коментари

  1. За Македонија не може да биде прифатливо никакво решение во кое директно се интерферира во Уставот од друга држава или организација, бидејќи такво интерферирање е НЕУСТАВНО и на друга страна противно на став 7 од член 2 на Повелбата на ООН. И самиот тнр. Договор за инхерентно-внатрешна јурисдикција е противен на ставот 4 , и став 7 од член 2 на Повелбата на ООН (политичка независност ст. 4, као и обврска за не мешање во строгата домашна јурисдикција, ст. 7), а се ова е во контрадикција и со став 1 од членот 2 на Повелбата (суверена еднаквост на државите членки на ООН) кој не зависи од тоа да ли прифаќаш или не обврски со који се дискриминираш или со кои стапуваш во дискриминирана состојба или статус. Она што треба да биде јасно на нашиве е дека според меѓународното право Не е дозволено мешање во внатрешните работи, но ниту мешање во НАДВОРЕШНИТЕ РАБОТИ на една суверена држава-членка на ООН. Па таквиот Договор за инхерентно-внатрешна јурисдикција кои се однесува на ИМЕТО, како правен идентитет (основен елемент од меѓународно-правниот субјективитет) е спротивен и на принципот на немешање во надворешните работи, покрај што не е дозволено директно мешање во уставно-правен систем и внатрешната јурисдикција.

    Од 1993, Грција подразбира само ПРОМЕНА на Уставот, со ЦЕЛ ПРОМЕНА НА ИДЕНТИТЕТОТ! И НИШТО ПОМАЛКУ !
    Со други зборови од стартот со Рез 817. се работи за ФЛАГРАНТНОТО и НЕВОЗМОЖНО МЕШАЊЕ ВО ВНАТРЕШНИТЕ РАБОТИ И ИДЕНТИТЕТ на Македонија! Постојат два НЕЛЕГЛНА дополнителна Услова при приемот на наша држава во ООН, кои во време трансцедираат чин на ПРИЕМОТ во ООН (те. траат по чин на приемот во ООН, а треба да имаат СВРШЕН КАРАКТЕР!): 1. РЕФЕРЕНЦАТА БЈРМ (трае по чин на приемот во ОН), 2. ПРЕГОВОРИТЕ за ИДЕНТИТЕТ (трае по чин на приемот во ОН, а треба да имаат СВРШЕН КАРАКТЕР). Според Повелбата на ООН сите Услови за Прием во ООН треба да се исполнети ПРЕД прием во ООН и имаат СВРШЕН КАРАКТЕР!! Овие наведени услови меѓу кои спаѓа носење на РЕФЕРЕНЦАТА БЈРМ (првиот услов) и ПРЕГОВОРИТЕ за ИДЕНТИТЕТ (втор услов, уз првиот Реферирање) немаат СВРШЕН КАРАКТЕР и СЕ ДОПОЛНИТЕЛНИ УСЛОВИ за Прием во ООН, и според Судскиот став од 1948 г. тие СЕ НЕЛЕГАЛНИ, а ставот на судот МСП е прифатен со Рез. 197/3 на Генералното собрание на ООН 1948, како толкување на Повелбата на ООН! Според МСП: Политички консидерации на Советот за безбедност НЕ влијаат врз ЕГЗОСТИВЕН правен карактер на НОРМАТА за приемот во ООН од член 4. на Повелбата. Моќ на СБ овде е ОГРАНИЧЕНА со Повелбата на ООН!
    Така 1948, со одлука на Генералното собрание, мимо ВЕТО во СБ на ОН влегле во членството на ООН 7 држави за кои претходно немаше СОГЛАСНОСТ дадена во СБ на ООН.
    Во случај со Македонија Не треба да се дерогира ПРЕПОРАКА на СБ (817), бидејќи Препораките НЕ се предмет на дерогирање, ТУКУ се дополнува/менува РЕЗОЛУЦИЈАТА на Генералното собрание која содржи ОДЛУКА за пријем!
    Се носи нова ОДЛУКА – Резолуција на Генералното собрание на ОН со која се продолжува членството во ООН под името Република Македонија!

  2. Договор за ИМЕТО е Невозможен и Нелегален! Секој кои би се согласил на промена на името, посебно со erga omnes, со кои се доведува во прашање Суверенитетот и НЕЗАВИСНОСТ на Република Македонија, како и ПРАВНАТА ЕДНАКВОСТ со другите членки на ООН, би извршил КРИВИЧНО дело.

  3. Ова се е јасно. Им чудам на Заев, Рада и Никола, кој од нив им текна ПРАЗНИКОТ да го вградат во ИМЕТО на Државата!! Тоа ли е креативноста? Самите со себе се подбиваме и понижуваме. Илинденска Македонија е невидена меѓународна бламажа, демагогија на СДСМ и творба на еден умоболен без-идентитетски ум. Илинденска Македонија ќе стане пример на една бескрупулозна власт, што ќе остане во историјата на оваа земја.

  4. то е то. Човекот е во право си кажува што ќе е најде Македонија со денешниве тотално неписмени политичари кој е носат македонската нација се до тотално ништејне на земјата. во овај случај грците барет ништо друго него војна. Спрма то Македонија ќе мора со сила да ги решит фашистичките проблеми на грција и нивните сојузници од Европа.

Comments are closed.