Атина бара странците да „удрат“ на ВМРО-ДПМНЕ за името

Меѓународната заедница да се фокусира на македонската опозиција да прифати уставни измени и Ерга Омнес со цел земјата да влезе во НАТО и да започне преговори за членство во ЕУ. Ова во уреднички коментар за весникот Катимерини го бара најупатениот грчки новинар во спорот за името Том Елис.

Елис бара странците да влијаат на опозицијата, која ја нарекува националистичка, да ги прифати грчките барања и да се согласи со позициите на владеачката коалиција во Скопје.

Претходно ВМРО – ДПМНЕ најави дека нема да прифати уставни измени и промена на уставното име.

Во коментарот се зборува и за начинот на кој што Македонија ќе биде именувана во иднина доколку добие ново име. Кај јужниот сосед постои страв како на земјава ќе и се обраќаат странските влади и граѓани на трети земји, бизнисот, меѓународните организации.

За Грција во оптек остануваат да се користат називите Скопјани, Славо – Македонци, Северни Македонци, Нови Македонци, но суштината е како странците ќе ја нарекуваат земјата, прашува авторот кој смета дека од сите опции, во игра се две кои се најмногу можни Северна Македонија и Нова Македонија.

Овие две но и другите на листата на медијаторот Нимиц имаат предности но и мани смета Елис кој е долгогодишен дописник од Вашингтон.

Во Атина постои страв дека било кое име да биде договорено најголемиот дел од земјите во светот ќе го користат краткиот назив Македонија.

3 Коментари

Comments are closed.