Атина бесна: Автопатот го сменивте, булеварот остана Александар Македонски

Грчки претставници реагираат до македонските власти целосно да се спроведе ветувањето за менување на имињата на сообраќајницата која што го носи името на големиот војсководец како што ветила владата на Зоран Заев уште лани во Атина.

Дипломатските тензии повторно растат откако грчки претставници во Скопје забележале дека владини институции во своите официјални документи се уште пишуваат дека дел од автопатот за кој лани грчката јавност беше известена дека сега се нарекува „Пријателство“ сепак се уште се именува како „Александар Македонски“.

Последен пример за ваков според грчката страна „инцидент“ е јавен документ издаден од МВР пред три дена во кој се вели дека се случил настан на булеварот „Александар Македонски“.

За грчката страна е неприфатливо тоа што булеварот Александар Македонски се уште е со старото име иако технички е посебна сообраќајница која што не е под ингеренции на владата туку под локалната самоуправа во општина Газаи Баба.

Откако добиле одговор дека за менување на името на овој булевар е одговорна општина Гази Баба грчките преставници реагирале со информација дека градоначалник на општината е претставник на СДСМ а мнозинството во советот на општината заедно со албанските партии го има владеачката коалиција. За Грција нема никаква пречка и овој булевар да се нарекува Пријателство како автопатот кој што е поврзан со него а кој започнува на излезот од Скопје.

Булеварот Александар Македонски е именуван во 1994 година кога на власт во Скопје и Македонија беше Социјалдемократискиот сојуз а започнува на Бит Пазар и оди се до излезот на Скопје кај Хиподром.

За претставници на јужниот сосед проблем е и тоа што македонската стрна се уште не го известила Гугл мапс и другите меѓународни сервиси за мапи дека автопатот веќе не се вика Александар Велики туку Пријателство.

За нив не е случајно што ако сега барате на Гугл мапс нема да најдете автопат со име „пријателство“.

Грчки извори велат дека во наредниот период ќе мора на сите нивоа да се променат сите називи на сообраќајници и објекти кои што навестуваат иредентизам.