Атина чека одговор од Скопје за „Северна Македонија“ ерга омнес 

Под наслов „Четврток критичен ден Заев да одговори дали прифаќа „Северна Македонија’“, денешна „Ефимирида“ пишува дека во Атина преовладува оптимизам дека македонскиот премиер ќе одговори со што ќе се затвори спорот со името, а конечното име ќе биде „Republika Severna Makedonija“.

Весникот пишува дека се верува дека до утре „случајот ќе  биде заклучен откако Зоран Заев ќе им одговори на Метју Нимиц и на Алексис Ципрас.

Доколку договор не биде постигнат до петок, постои ризик Скопје „да го испушти возот за НАТО и ЕУ“.

Откако Заев ќе одговори, премиерите ќе договорат кога ќе биде средбата во Преспа, а договорот ќе го потпишат министрите Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Според последните информации во договорот ќе стои:

– Договорено е дека финалното име ќе биде Republika Severna Makedonija;

– Договорено е име за севкупна употреба, т.е. erga omnes, со транзициски период за уставни измени во период од 2 години (според моделот предложен од М. Нимиц);

– Договорени се амандмани на Уставот, кои примарно се однесуваат на новото име, како и на промена на членовите 3 и 49 од Уставот на Р. Македонија, заради отстранување на „иредентистичките наводи“, пишуува грчкиот весник.

3 Коментари

  1. Предлог до Претседателот и Влада на Република Македонија

    НАЦРТ РЕЗОЛУЦИЈАТА НА ОБЕДИНЕТИТЕ НАЦИИ

    Генералното собрание,

    Земајќи предвид дека “Поранешната Југословенска Република Македонија”, примена во членството на Обединетите нации во 1993 година, со Резолуцијата 47/225, по препорака на Резолуцијата 817 (1993) на Советот за безбедност, до денес беше признаена од страна на огромно мнозинство од членовите на Обединетите нации со неговото уставно име и дека преговорите со Грција во врска со името на држава не дадоа никаков исход,

    Имајќи ги предвид членовите 2 (особено пара. 1, пара. 7) и 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

    Земајќи ги предвид и резолуциите на Генералното собрание 113 / II од 1947 и 197 / III од 1948 година, а особено Советодавното мислење на Меѓународниот суд на правдата доставено на 28 мај 1948 година, во врска со неприфатливоста на предусловите за членство надвор од опсегот од исцрпните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации,

    Потврдувајќи дека секоја држава природно има вродено право на име и тоа дека определување на имињата на државата претставува предмет на нивната суверена домашна јурисдикција,

    Потврдувајќи исто така дека имињата на државата како правен идентитет на меѓународните субјекти се суштински елемент на нивната правна личност и нивната државност,

    За да се реши долготрајниот невообичаен и неприфатлив членски статус на една членката на Обединетите нации, прашањето кое потекнува од необичните резолуции за прием во ОН со кои се утврдуваат предуслови надвор од опфатот на сеопфатните услови од член 4 (1) од Повелбата на Обединетите нации, а исто така и со цел да се заштити поредок на Обединетите нации, а особено правното претставување во системот на Обединетите нации,

    Донесе одлука да го продолжи членството на државата, привремено реферирана како “Поранешна Југословенска Република Македонија”, под нејзиното официјално уставно име Република Македонија.

Оставете Коментар