Грција смета дека договорот за промена на името на Македонија ќе биде имплементиран, и покрај далеку пониската излезеност од потребната за да биде валиден одржаниот референдум кај северниот сосед.

Атина е свесна за контрадикцијата меѓу многу високиот процент на поддршка и ниската излезеност, која покажува евидентен скептицизам кај поголемиот дел од македонската јавност, но таа смета дека Преспански договор е „заемно корисен за двете држави и за стабилноста на регионот“, вели грчкиот заменик министер за надворешни работи Јоргос Катругалос.

„Сметаме дека тој сè уште ја има почетната динамика. Очекуваме Владата (на Македонија – н.з.) да продолжи со уставната реформа и кога таа ќе биде завршена ние исто така ќе продолжиме со нашата обврска за ратификување на договорот. Затоа, сметам дека тој е вин-вин за двете земји, како и многу добра порака за потребата од траен мир на Балканот… Особено во врска со билатералните економски односи, јасно е дека овој договор ќе го поттикне и постоечкото високо ниво на трговија што ја имаме со ФИРОМ и исто така е уште една дополнителна позитивна работа ако овој договор биде спроведен“, изјавил Катругалос за „Спутник“ на маргините на форумот „Дијалог на цивилизациите“ одржан на 5 и 6 октомври на Родос.

 

SHARE

Comments are closed.