Атина создава атмосфера за отфрлање на Северна Македонија

Крајната цел на грчката правно – дипломатско – пропагандна екипа која што работи на преговорите е со договорот за името да создаде два македонски идентитети.

Едниот грчко – македонски како единствен наследник на Античка Македонија и вториот Славомакедонски кој што функционира само во ФИРОМ.

Грчки извори тврдат дека и покрај изјавите на премиерот Заев и министерот Димитров дека со договорот се бетонира македонскиот идентитет, јазик и нација, Атина никогаш не дала концесии дека ги признаваат идентитетот на македонскиот народ и јазик освен ако тие јасно не се дефинираат како дел од словенското културно наследство и историја.

Вчерашната блокада во преговорите настанала затоа што во договорот, Грчкиот тим барал ЕРГА ОМНЕС да се однесува на се со забелешка дека не станува збор за ист македонски идентитет и јазик од двете страни на границата, туку различен и поделен на Словенски и Грчки.

Во договорот според грчкиот тим треба да стои дека на територија на идна Северна Македонија живее словенски народ кој се идентификува како македонски но различен од македонците кои историски живееле во Грчка Македонија сакајќи директно да не разграничат со дел од нашето национално минато.

Она што грчкиот министер Коѕиас го разбрал во Брисел од неговиот колега Димитров е дека Македонија нема проблем со ваквото поврзување на Македонците со словенското наследство и затоа во Атина биле изненадени кога македонската експертска група побарала консултации со Скопје за ова прашање по што процесот е замрзнат.

Целта на вчерашниот маневар на Ципрас е да создаде атмосфера во следната етапа на преговори да се отфрли одредницата Северна за земјава да нема никаква врска со Грчка Македонија по што би била предложат Нова како крајно решение.

Финалната цел е “народот што живее во Скопје да се идентификува со Македонизмот од 1992 а не од Антиката”, тврдат доброупатени извори во преговарачкиот процес.

6 Коментари

  1. Што има погрешно во тоа дека ние сме словенски народ кој се идентификува како македонски (а не како српски или бугарски) и различен од античките Македонци?

  2. Ако секој може да се идентификува како сака (а не тоа што е), тогаш јас се идентификувам како потомок на англиската кралска фамилија и наследник на англиската круна. Мислиш ли дека ќе ми го признаат тоа ( идентификување како сакам) и ќе станам крал на Англија?

Оставете Коментар