Сите 47 патници и членови на екипажот преживеаја при „слетување“ на авион во една лагуна во Пацификот откако излетал од пистата.

Локалното население од архипелагот Микронезија со чамци се вклучија во спасувањето – седум лица беа однесени во болница, според официјалните лица, вклучувајќи го еден за кој се вели дека е во критична , но стабилна состојба, пренесува АП.

Редоследот на настаните останува нејасен. Но многу е веројатно дека авионот „го погодил“ крајот на пистата и продолжил во водата. Сепак, авиокомпанијата соопшти дека авионот слетал од пистата.

Авионoт припаѓал на „Air Niugini“, национална авиокомпанија на Папуа Нова Гвинеја и оперира од 1973 година.

Впечатливите слики полупотопениот авион потсетуваат на среќното слетување на авион во река од 2009 година во Њујорк, познато како „Чудото на Хадсон“.

 

SHARE