Австралија најавила: Заедница на Северна Македонија, јазикот славомакедонски

Македонците во Австралија реагираат на најавите на владата на оваа земја согласно договорот со Грција македонската заедница да се нарекува Заедница на Северна Македонија а јазикот да биде Macedonian slavic.

Оваа најава до организациите на македонците била испратена вчера по што тие испратиле писмо до премиерот Малком Турнбул.

Во писмото испратено до него се вели:

“Македонците во Австралија не се обврзани со договорот со Грцииа ниту владата на Австралија. Македонската заедница чии членови потекнуваат од Република Македонија и од територии на Грција, Бугарија, Албанија, Србија и други земји нема да прифати било каков обид на федералните власти да ја преименува македонската заедница и јазик користејќи ги навредливите означувачи содржани во договорот кои можат да бидат интерпретирани деривати на името Северна Македонија”.

Бараме Федералната влада да се држи со основните оринципи на мултикултурализмот, саноопределувањето и самоодредувањето и да продолжи да не нарекува како македонска заедница, име кое што е слободно избрано од нсд и потврдено од австралиските власти во 1994 година , се вели во писмото.

1 Коментар

  1. СДСМ Експерт Саше Полтико: ОТКАКО ГО ПРОЧИТАВ ЦЕЛИОТ ДОГОВОР, ЗАКЛУЧОКОТ Е СЛЕДЕН: Договорот почнува со реализација етапно веднаш откако ќе се потпише, се додека не се комплетира со уставни измени од наша страна постои можност да се поништи од Грчка страна со тоа што нема да се ратификува и договорот а и нашиот влез во НАТО, кои се планирани во ист тајминг! http://maktel.mk/News.aspx?id=106211 СЕ СОГЛАСУВАМ! ХаХаХаХаХа!!!

Comments are closed.