Австралиски новинар не го испровоцира командантот на НАТО пред Владата (ВИДЕО)

Австралискиот новинар со Македонско потекло Саша Узунов не успеа да добие одговор од врховниот командант на НАТО во Европа Кертис Скапароти кој денеска во Скопје се сретна со премиерот Заев, министерката за одбрана Шеќеринска и националниот координатор за НАТО Стево Пендаровски.

Узунов го запраша американскиот генерал како може да и верува на Шеќеринска дека е за влез во НАТО кога според него таа во последната деценија од 20 век била на страната на Српскиот диктатор Милошевиќ и анти НАТО настроена.

Македонската јавност досега немала информации дека Шеќеринска има српско потекло ниту дека го поддржувала Слободан Милошевиќ а австралискиот новинар не открива на што ги темели своите тврдења.

Видеото со прашањето на Узунов

1 Коментар

  1. go zaebava 😉 … mu pusta buva u u “sistemo” !….. i da ne razbral vecer cela nok ke gugla-mugla po toa cianetot ! !

Comments are closed.