Австрија ќе ги „запечати“ границите за мигранти

Австрискиот министер за внатрешни работи, Херберт Кикл, изјави дека ќе ги направи „непропустливи“ сите граници нa неговата земја, доколку е тоа потребно,.

Тој соопшти дека била формирана гранична полиција за странци, која ќе биде подготвена да дејствува веќе од јуни, а тоа е реакција на новите податоци за зголемувањето на илегалната миграција на „балканската рута“.

Министерот вели дека не треба да се случи во 2015 година и 2016 година, кога земјата се соочи со несовладливи бран на бегалци.

„Ние сме подготвени да застанеме на нашите граници“, рече министерот Кикл. Тој рече дека движењето на мигрантите внимателно се следи и дека границите, доколку е потребно, ќе бидат затворени  –  „навистина затворени“.