Австрија не сака мигранти, се повлекува од договорот на ОН

Австрија ќе ги следи САД и Унгарија и нема да го подржи договорот на Обединетите нации за миграција, загрижена зашто тој ќе ја замагли линијата меѓу легалната и илегалната миграција, пренесува Ројтрес.

Глобалниот пакт за безбедна, уредна и редовна миграција беше одобрен во јули од сите 193 земји членки на УН, освен САД, кои се повлекоа минатата година.

Десничарската влада на Унгарија, предводена од премиерот Виктор Орбан, тврдокорен за имиграцијата, соопшти дека нема да го потпише финалниот документ на церемонијата во Мароко во декември.

Полска, која исто така е во судир со Брисел и се спротивставува на квотите за барателите на азил, го разгледува истиот чекор.

„Одлучивме дека нема да се приклучиме на договорот“, рече австрискиот канцелар Себастијан Курц.

Австрија нема да испрати претставник на церемонијата на потпишување на Договорот во Мароко и ќе се воздржи од гласањето на ОН.

„Затоа ќе се воздржиме на гласање на Генералното собрание на УН во 2019 година“, рече Курц за ОРФ радио.

SHARE

1 Коментар

  1. Австрија да беше како нас условена со името во ООН, би се повлекла и од членството во Организацијата на Обединетите нации. А слично, и секоја држава од ЕУ, па дури и САД би се повлекле од ООН, доколку некој ги уценува со промената на името! САД излегле од УНЕСКО и за многу по небитни работи.

Оставете Коментар