Австрија се заканила дека ќе го саботира договорот на Грција и Македонија за промена на името, освен ако ЕУ не ги прекине разговорите за членство со Турција. Причина за тоа се  длабоките поделби во блокот поради несогласувањето околу проблемот со миграцијата, пишува британскииот весник „Телеграф“.

„Грција и Македонија презедоа голем чекор кон затворање на речиси тридеценискиот жесток спор во неделата, бидејќи земјите потпишаа договор со кој ќе се преименува оваа балканската нација во ‘Република Северна Македонија’, во замена за ветување од Атина  дека нема да ги блокира напорите на Скопје за влез во ЕУ“.

Но „Телеграф“ пишува дека „ Австрија ги информираше дипломатите во Брисел дека ќе ги блокира сите заклучоци за проширувањето на ЕУ, ако Турција се спомене заедно со Македонија и земјите од Западен Балкан, како Србија и Црна Гора, кои се надеваат дека на крајот ќе се приклучат на блокот.

Не е преседан една земја да ги блокира заклучоците, но овој случај е редок и најчесто е последна опција.

Европските дипломати ќе продолжат да преговараат за заклучоците во периодот до самитот кој ќе се одржи за две недели, но Виена не покажува знаци на ублажување на својот тврд став, и покрај поддршката за разговорите за членство за некои земји од Западен Балкан.

Австриската влада, која го презема шестмесечното ротирачко претседателствување со ЕУ следниот месец, потврди дека не ја променила својата позиција.

31-годишниот австриски канцелар, кој го критикуваше Брисел поради миграцијата и буџетот на ЕУ, претходно ги нападна де факто замрзнатите преговори со Анкара кога беше министер за надворешни работи во 2016. година. Австрија подоцна ги блокираше заклучоците на самитот за Турција.

SHARE

Comments are closed.