Азески: Годинава раст на БДП до 1 отсто?

„Има голем пад во градежништвото и може да се гледа на таа стопанска гранка како на загрозена, а трговската размена со земјите од ЦЕФТА е падната са осум отсто. Според тоа не гледам зошто би имале поголем раст на бруто домашниот производ од еден отсто за 2018. Истиот на крајот може да биде и помал од тоа“, вели претседателот на Стопанска комора на Македонија, Бранко Азески, пренесува „Фактор“

Тој е поголем оптимист и од ММФ, кој ја намали прогнозата за економскиот раст за Македонија на 1,6 отсто, наместо првичната проценка од 3,2 проценти.

И Светска банка ја намали прогнозата за растот на економијата во Македонија на 2,3 отсто, во споредба со претходно очекуваните 3,2 проценти.

 

SHARE

1 Коментар

  1. СИ ЗЕМАМ ЗА ПРАВО НА ОВОЈ ЧОВЕК ДА МУ ВЕРУВАМ ПОВЕЌЕ ОТКОЛКУ НА СИТЕ ОСТАНАТИ ЕКОНОМИСТИ КОИ СО СИТЕ СИЛИ САКААТ ДА ЈА ОСАКАТАТ ДРЖАВАТА. ВЕРОЈАТНО ТОЈ СО СИТЕ АРГУМЕНТИ КОИ ГИ ИМА ВО РАЦЕТЕ ТОА И ГО ПРАВИ КОН ЈАВНОСТА. КОГА НЕКОЈ ЗБОРУВА СО РЕАЛНИ БРОЈКИ НЕ ЛАЖЕ, ЗА РАЗЛИКА ОД МНОГУ ДРУГИ КОИ ДУВААТ ВО ПРАЗНИ БАЛОНИ ЗА НИВНИ ЦЕЛИ.

Оставете Коментар