Азил за 1.000 евра во Германија!

Скандал ја тресе Германија откако било обелоденето дека мигранти во градот Бремен лесно лесно доаѓале до азил благодарение на адвокат кој познавал одредена личност на врвот на Канцеларијата која одлучува за азил, пишува Дојче веле.

Најмалку 1.176 лица добиле азилантски статус во Бремен, иако не исполнувале никакви услови: или немале никакви документи, или лажеле за нивното потекло, па дури и не им биле земени отпечатоци од прсти.

Во центарот на скандалот стои Улрике Б, поранешна шефица на филијалата на Сојузната канцеларија за миграција и бегалци во градот Бремен.

Државниот обвинител го испитува работењето на оваа жена и нејзиниот мистериозен однос со адвокатот Ирфан Ц, кој во најголем број случаи ги претставувал барателите за азил.

Инсајдерите тврдат дека двајцата биле во блиски односи.

Еден Курд им кажал на медиумите дека Ирфан Ц му помогнал да добие азил за 1.000 евра.

Не е познато колку пари стекналле Ирфан и пријателката Урлике.

1 Коментар

  1. […] Како што пишуваше Expres.mk, „најмалку 1.176 лица добиле азилантски статус во Бремен, иако не исполнувале никакви услови: или немале никакви документи, или лажеле за нивното потекло, па дури и не им биле земени отпечатоци од прсти. […]

Comments are closed.