“Баба Ванѓа и заложничка криза” на судењето за 27 април – исповест на адвокат

Адвокат раскажува што се случувало денеска на судењето за настаните од 27 април.

Судењето започнало со исказ на загрозениот сведок, по што обвинителката Вилма Русковска од судијката Добрила Кацарска добила прекин на судењето.

Подоцна било објаснето дека постоела опасност „опремата во секој момент да откаже“ и да се види идентитетот на сведокот.

Како обвинителката и судијата увиделе дека опремата може да откаже никој не објаснил и за дел од присутните тоа на шега се објаснува со моќ за предвидување како тие што ги имала познатата Баба Ванѓа.

Подоцна, по час и половина судењето било преместено во стариот кривичен суд, каде имало наводно имало подобра опрема. Судијката рекла дека не било решение судењето да се одложи за утре бидејќи опремата во новиот суд ниту утре ниту наредни пет дена немало да биде функционална.

На ова адвокатите жестоко реагирале бидејќи немало услови во салата. Тие требало на скут да водат белешки како во прво оделение, за подоцна да можат да го испрашуваат загрозениот сведок.

На нивните реакции судијата им рекла „тоа е, тие се условите“ на што реагирала одбраната според која во 1948-ма имало подобри услови за судење.

“По реакцијата од адвокатите судијката се закануваше дека ќе ги казнува ако продолжат да се бунат, бидејќи нивното барање на нормални услови судот го нарече „нарушување на редот и работата на судот“.

Сите се солидаризираа еден со друг и стоеа простум, на што судијката Кацарска ги опомена дека ќе ги казни ако продолжат, и им се закани со отстранување.

Адвокатите не попуштија, бидејќи според нив условите беа невозможни за работа за ваков сериозен тежок и сложен предмет, особено што се работи за испрашување на загрозен сведок.

Заштитениот сведок не е во судница, тој е во друга просторија, треба да се следи се што ќе каже преку разглас, да се фаќат прибелешки за потоа да се испитува веродостојноста на кажаното / бидејќи е можно да лаже загрозениот сведок.

Ако заштитениот сведок кажува измислици а тие не се побиени од одбраната истите ќе влезат во записник и врз основ на нив судот ќе носи пресуди”, вели еден од адвокатите, резигниран од случувањата во судот кој раскажува дека адвокатите не отстапиле, по што добиле казни, сите по 1000 евра, а еден адвокат за коментирање бил казнет со дополнителни 3000 евра.

Потоа судот ги отстранил од судницата адвокатите, бидејќи и по казнувањето не се сложиле да седат и да ги прифатат невозможните услови.

Откако излегле адвокатите, на обвинетите судијата им рекол дека на сите ќе им биде доделен адвокат по службена должност и им забрани да ја напуштат салата, иако дал пауза, со закана дека кој ќе ја напушти салата веднаш ќе му биде одреден притвор.

Тоа значи дека не смееа да излезат да си купат јадење обвинетите, ниту имаа пауза за цигари / кафе. Цели два часа се одвивало ова „заложништво“ во судницата, раскажува адвокатот кој од својот клиент добил информација што се случувало потоа.

Потоа влегол судијата, и го одложил за утре судењето со назначување дека ќе продолжи во новата зграда, каде денес и почна”, раскажува бранителот.

Со тоа на чуден и мистериозен начин разгласот кој „пет дена немало да работи“ одеднаш проработел и веќе нема опасност да се расипе.

Судот дополнително се заканил дека за секој обвинет ќе има одредено „дупликат“ адвокат по службена должност, за да не се случи пак солидаризирање на адвокатите околу условите и новите адвокати да го напуштат судењето”, вели адвокатот според кого судот очигледно сака по секоја цена да го одржи рочиштето за случајот за кој вчера премиерот Заев најави дека може да се случи амнестија.

Опозицијата и голем дел од обвинетите ја одбија понудата на власта.

Судењето продолжува утре во 10 часот.

Фото од 2 октомври

SHARE

Оставете Коментар