Поранешната министерка за надворешни работи на Грција и актуелен пратеник, Дора Бакојани, запрашана за Договорот од Преспа изјави дека доколку тој биде ратификуван и од грчкиот и од парламентот на пјРМ, тогаш би било крајно тешко да се промени, пренесува агенцијата АНА-МПА.

„Тоа ќе биде меѓународен договор за земјата кој ќе бидеме обврзани да го почитуваме“, изјави поранешната шефица на дипломатијата (2006-2009) во владата на Костас Караманлис, во чиј мандат „се случи“ и Самитот на НАТО во Букурешт.

Дора Бакојани, е сестра на Кирјакос Мицотакис, лидерот на опозициската Неа демократија, и ќерка на Константинос Мицотакис, грчки премиер од 1990 до 1993 година чиј мандат коинцидираше со периодот на осамостојување на Македонија кога почнаа и масовните протести против соседната држава Република Македонија.

По „паѓањето“ на владата на Мицотакис, за пемиер дојде Андреас Папандреу кој воведе 20 месечно ембарго кон Македонија…