Балканот „се сели“ во Германија!

Германските конзуларни претставништва во земјите од Западен Балкан не може да постигнат да ги обработат барањата за работни визи чиј број во првата половина на оваа година двојно се зголемил.

Според германски „Шпигел“, во првата половина на 2018 година, од шест земји од Западен Балкан се поднесени 52.000 барања за работни визи што е двојно повеќе во однос на истиот период во 2015 година.

Германија во 2016 гипрогласи Србија, Босна и Херцеговина, Македонија, Црна Гора и Албанија за безбедни земји, со што шансите за стекнување на право на азил за граѓаните на овие држави во Германија се сведени на минимум.

Најмногу работни се издаваат за градежниот сектор, гастрономија и нега на луѓе.

1 Коментар

  1. БАЛКАНОТ СЕ СЕЛИ ВО ГЕРМАНИЈА ,А МИГРАНТИТЕ ОД ОД ГЕРМАНИЈА МЕРКЕЛ ЌЕ ГИ ПРЕСЕЛИ БАЛКАНОТ …НЕВИДЕНИ УБАВИНИ…П.С. ПОСЛЕ ТОА НАБАЛКАНОТ ЌЕ МУ ТРЕБААТ УШТЕ МИЛИОН ГОДИНИ ЗА ДА СТАНИ ДЕЛ ОД ЕВРОПА

Оставете Коментар