Балкански џепчии „оперираат“ во Атина

Околу 150 до 200 криминалци, главно од Романија и Бугарија, пристигнуваат во Атина со ефтини летови, престојуваат 5-6 дена во мали хотели во центарот и по криминалната „експедиција“ во главниот град на Грција, се враќаат дома со плен што може да надмине 5.000 или дури 15.000 евра.

Нивниот престој може да биде продолжен за уште најмногу два дена, доколку бидат уапсени од атинската полиција, по што ги пуштаат, но тоа не влијае на туристите-џепчии  од кои некои се апсени и по 7-8 пати за истото дело.

„Клепто-туристите“ претставуваат кошмар за стотици илјади туристи и посетители, претежно странци. Тие се инфилтрираат меѓу нив и „собираат“ с’е до што можат да стигнат: паричници, чанти, чанти, камери и други вредни предмети.

Вчерашната акција, главно врз основа на прислушкување на телефонски разговори, во која биле оневозможени 30 џепџии од балканските земји, е само мал пример од она што се случува во центарот на Атина, пишува „То Вима“.

1 Коментар

  1. Statement in the UN General Assembly RES. 47/225 (1993) General Assembly: “Decides to admit the State whose application is contained in document provisionally referred to for all purposes within the United Nations as “the former Yugoslav Republic of Macedonia” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State.”

    Comment:
    Since there could be no “differences” between states over their NAMES, its illegal to make statement as:” pending settlement of the difference that has arisen over the name of the State.”!

    Difference??!!

    Over the Name !??? State Name !???

    Good Joke!

Оставете Коментар