БАН: Бугарија нема да ја стигне Европа ни за 15 години

Loading...

Не треба да се размислува стопански развој кој ќе го достигне просечното европско ниво во наредните 15 години, прогнозира Виктор Јоцов од Институтот за економски истражувања Бугарската академија за науки (БАН).

Според неговите зборови, дури и да се приближи до 75 отсто од просечното ниво на европските економии, на земјата ќе ѝ требаат најмалку 13 години и тоа само ако порастот на економијата биде за 2 отсто повисок од оној во поразвиените земји.

„Со 3,6 насто пораст, колку што е сегашниот, ќе бидат потребни 30 години“, преогнозира Јоцов , пренесуваат бугарски медиуми.

Бугарија е членка на Европската унија од 1 јануари 2007 година.