Бара ли министерот Димитров работа во ОН?

Еден од предходниците на позицијата министер за надворешни работи Антонио Милошоски објавува дипломатски извори од светската организација според кои Димитров започнал комуникација за вработување во некое од седиштата на ОН во Њујорк, Виена, Хаг или Женева.

“Не знам дали кариерата на Никола Димитров е “на иста линија” со онаа на Заев, која исклучиво зависи од решението на спорот со името, но дипломати од Обединетите Нации дојавуваат дека министерот долгорочно не ја гледа својата перспектива во Република Македонија. Но, времето ќе покаже”, пишува Милошоски од Холандија каде што е во посета на Меѓународната организација за забрана на хемиско оружје.

Милошоски кој заедно со Димитров беше ко-агент на Македонија за време на тужбата против Грција во Хаг во последниве месеци е активен на социјалните мрежи со инсајдерски информации за процесот за името.

2 Коментари

  1. Веднаш да се стави КРАЈ на срамните преговори за името! Постоји решение за името со признавањето на Република на Македонија во Генералното собрание на ООН! Не признаваат 136 држави членки на ООН! Со 19 држави засега немаме дипломатски односи, а кога и со нив ке ги воспоставиме ке имаме над 150 држави во ООН кои не признаваат под уставното име.
    Нема потреба од компромис! Треба само да го продолжиме членството во ОН преку Генералното собрание на ООН со уставното име Република Македонија!

Comments are closed.