Светислав Басара, еден од најзначајните српски прозни писатели, во својата колумна за весникот „Данас“ повлекува паралела меѓу актуелната тема за разграничувањето меѓу Србите и Албанците со проблемот на Грција со името на Македонија.

„Ние, Србите и Албанците, не сме осамен случај, а можеби не сме ни најлоши. Точно дека се ‘препичуваме’ околу територијата, но барем се согласуваме дека Косово – било тоа ‘јужна покраина’ или ‘лажна држава’ – во обата случаја е Косово, за разлика од нашите хеленски браќа, кои немаат хегемонистички претензии на територијата, но имаат на името, па овие денови по Солун , и пошироко, прават чуда затоа што , покрај нивната, (официјално) се појавила уште една Македонија. На историјата и на животот ич не би им недостгигало да постојат и седум-осум Македонии, со разноразни префикси, но кога, бато, на Балканот е нешто ‘наше’ – макар тоа била апстрактна именка – тогаш е наше ик крај на приказната што нема крај“, пишува Басара во колумната насловена „Ајдучко примирје“.

 

SHARE