Басара во Скопје

Светислав Басара – прозаист, романсиер, есеист, колумнист, колекционер на бројни книжевни награди, еден од највлијателните современи српски автори, овој понеделник гостин во Книготека Икона во Скопје Сити Мол.

Басара е еден од најпочитуваните балкански автори.

Неговите најнаградувани дела, омилени меѓу балканската публика -„Фама за велосипедистите“ и „Подемот и падот на Паркинсоновата болест“ ќе имате можност да ги купите во книжарница Икона.

Книгите ќе бидат потпишани од авторот кој овогодинешен добитник на наградата “Прозарт” што ја доделува Меѓународниот Литературен Фестивал Про – За Балкан.

SHARE