Бастијан Швајнштајгер конечно повисок од Ана Ивановиќ

Семејството Швајнштајгер, односно Ана и Бастијан уживаат во својата љубов, често патуваат и објавуваат фотографии на социјалните мрежи. Откако тенисерката и фудбалерот се заедно, постојано се зборува дека се идеална двојка и дека нивната врска е многу цврста. Во коментарите се оди и до таму што се вели дека 33. годишниот Бастијан добил на лотарија кога ја зел три години помладата Ана за која, од авион се гледа. е далеку поубава од него.

Неодминлива, а и зајадлива е и темата за височината на популарните сопружници, па често се потенцира дека Србинката е и каде, каде повисока од својот сопруг. Но, конечно со оваа фотографија познатиот фудбалер демантира се околу сантиметрите и може да се пофали дека е за половина глава над својата љубов. Секако, тука не се сметаат обуени ролерки, а богами и нешто плус како подлога и за поткревање.

 

SHARE