Британската телевизиска мрежа објави дека ја повлекува серијата во која се појавува Ед Вествик, обвинет за сексуално злоставување

„Постојат сериозни обвиненија кои Вествик жестоко ги демантираше. Би-Би-Си не суди дали тој е виновен или не, но ја повлекува серијата од програмата сè додека не се реши случајот“, изјавија од телевизијата.

Станува збор за телевизиската серија „Потрага по невиност“, адаптација на детективскиот роман на писателката Агата Кристи, која е снимана специјално за Би-Би-Си и требаше да започне да се емитува на крајот на годинава.

Против 30 годишниот Вествик е отворена истрага откако актерката Кристина Коен го обвини за силување. Британскиот актер ги демантираше тврдењата велејќи дека не ја ни позната актерката.

Оставете коментар