Министерот за економија, Крешник Бектеши, не сака да навлегува во тоа дали руската блокада за увоз на праски е политичка или не и вели дека доколку Русија продолжи со ваквите мерки, Македонија ќе побара други пазари како што е ЕУ.

„Македонија е насочена кон НАТО и ЕУ, а ако Русија става блокади, ќе бараме нови пазари. Имајќи предвид дека најмногу соработуваме со ЕУ која е и нашиот најголем трговски партнер, како и со нашите соседи, ќе најдеме други пазари“, вели Бектеши, според кој секоја држава има право да донесува свои одлуки, пренесе МИА.

Запре извозот на праски за Русија