Белата Куќа ја потврди веста на expres.mk за новата амбасадорка на САД во Македонија

Белата Куќа ја потврди веста за новата американска амбасадорка во Македонија објавена пред 8 дена од страна на expres.mk.

Американскиот претседател, Доналд Трамп ја предложи Кејт Мери Брнс за нов амбасадор на САД во Македонија. Taa треба да дојде на местото на сегашниот амбасадор Џес Бејли.

Според соопштението од Белата куќа, Мери Брнс во Скопје доаѓа од Атина каде од лани e заменик-амбасадорка.

Претходно таа била заменик-шеф на мисијаta на САД во ОБСЕ. Таа исто така ги претставувала интересите на САД во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција. Одлично зборува повеќе јазици меѓу кои Унгарски, Шпански и Турски. 

Нејзината номинација формално треба да помине во американскиот Сенат, а мандатот на амбасадорот Бејли во Скопје завршува кон крајот на годинава.

Линк до информацијата на Белата Куќа овде

Веста на expres.mk во која беше најавена новата амбасадорка на САД во Македонија.

Наследникот на Бејли е жена и доаѓа од Атина

SHARE

2 Коментари

Оставете Коментар