Белгија: Напаѓач избоде до смрт две жени, рани десетмина

Две жени се убиени и повеќе луѓе се повредени по напад со нож во ресторан  во дистриктот Plomberieс во Источна Белгија.

Напаѓачот е притворен, но не се знаат причините за нападот, но се отфрла можноста дека се работи за терористички чин.

Според очевидци, напаѓачот познавал барем една од жртвите.

Нападот се случил попладнево околу 17 часот.

Хеликоптери и амбулантни возила  пристигнаа на местото на крвавиот напад за да ги префрлат повредените во болница.